Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Центар, Шутка и повеќе скопски села утре без струја

Дел од Центар, Шутка и повеќе скопски села утре без струја
Како што соопшти  Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, утре неколку скопски села и улици ќе останат без електрична енергија. Според најавите од ЕВН Македонија, поради изведување инвестициски зафати, утре од 9 до 11 часот струја ќе нема на улицата Васил Ѓоргов во општина Центар, во зградата број 20. Потоа од  9 до 14 часот без струја ќе биде објектот на Инвест Градба во Момин Поток, додека од 9 до 15 часот и корисниците од улица Скупи, објектот на „Јосинг“ во општина Шуто Оризари, како и селото Копаница. Од 9.30 до 15 часот прекин на снабдувањето ќе има и за корисниците од селата Танушевци, Брест и Малина Маала.
Слично

Поврзани вести