Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дел од Аеродром, Карпош и Ѓорче утре без струја

Дел од Аеродром, Карпош и Ѓорче утре без струја
Според известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, за утре се најавени повеќе прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во периодот од  8 до 10 часот прекин на струјата ќе има за корисниците од улицата „Румена Хаџи Панзова“ во населата Драчево. Потоа од 8 до 16 часот,  струја ќе нема во селата Студеничани и Морани, а еден час односно од 8.30 до 9.30 часот, струја ќе немаат и на улица „Студеничанска“ во село Драчево. Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат дел од улицата „Козле“ , дел од улица „58“ во село Волково, дел од населбата Стопански Двор и дел од потрошувачите на улиците „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшковиќ“ и „Веле Марков“ во Ѓорче Петров. Објектите на булевар „АВНОЈ“ со броевите  24 и 62 во општина Аеродром исто така ќе бидат без струја од 13.30 до 14 часот. Прекините во снабдувањето со струја се поради зафати од ЕВН Македонија за подобрување на  нмрежата и дистрибуцијата на електрична енергија.
Слично

Поврзани вести