Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата од Усје и Драчево добија нови игралиштa

Децата од Усје и Драчево добија нови игралиштa
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска свечено предаде на користење две нови детски забавни игралишта. Првото е донација од компанијата Цементарница Усје – Титан и е поставено на улицата „Малешевска” во населбата Драчево. Вториот забавен парк се изгради во населбата Усје и е инвестиција на општината Кисела Вода. Детските игралишта се опремени со лулашки, лизгалки, клацкалки, мост и други детски реквизити, а поставена е и урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци за посетителите.  
Слично

Поврзани вести