Економија, финансии, бизнис

Контакт

Децата од СОС Детско село на летен камп во Охрид со поддршка од Бимилк

Децата од СОС Детско село на летен камп во Охрид со поддршка од Бимилк

Во рамки на летниот детски камп кој се одржува во хотел Десарет, Охрид од 10-16.07, се вклучи и компанијата Бимилк како голем поддржувач и верен пријател на децата. Со цел да овозможи летување и дружење и за децата од најранливите општествени категории, компанијата обезбеди присуство и за неколку деца од СОС Детското село, но ќе даде значен придонес и во едукативните содржини предвидени во кампот.


Летниот камп е во организација на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, а учеството на Бимилк е со цел уште еднаш да ја потенцира својата долгогодишна традиција и заложба да обезбеди квалитетен живот за сите,постојано изнаоѓајќи нови начини како да им помогне на децата.

„Овој камп навистина нуди богати спортско-едукативни содржини, но истовремено и ги руши баериерите помеѓу младите преку зближување на нациите и учење на човековите вредности, како што се разбирањето, толеранцијата и одговорноста, и тоа преку спортските дисциплини. Имајќи го тоа на ум, во кампот ги вклучивме и нашите долгогодишни пријатели од СОС Детското село,на кои покрај обезбедувањето на секојдневните потреби од млеко преку целата година, ова лето за неколку дечиња овозможивме и квалитетно време поминато во дружење, учење и спортување“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.


Децата од СОС Детското село ќе имаат прилика да се дружат со преку 150 деца од Македонија, Србија и Бугарија и истовремено да учествуваат во голем број спортско-едукативни работилници од областа на водените спортови, но и други спортови кои не се дел од редовните училишни програми.

Бимилк останува во Десарет сите 7 дена како поддршка на децата, а ќе земе учество и во други едукативни активности кои се предвидени во рамките на кампот, организирајќи работилница на тема „Биди дете“ со Моја Кравица чоколадно млеко.

Слично

Поврзани вести