Економија, финансии, бизнис

Контакт

Dash Berlin ќе ја обои улица „Македонија“ во црвено-бело

Dash Berlin ќе ја обои улица „Македонија“ во црвено-бело
Во општина Центар на 14 јуни,  доаѓа  еден од десетте напопуларни DJ-и во светот, Dash Berlin. Улица Македонија ќе пулсира во ритмот на трансот, обоена во боите на Центар.  Сите учесници на  забавата треба да бидат облечени во црвено-бело. Dash Berlin е холандски транс-музички проект, креиран во 2007 година од Џефри Суториус и Елке Калберг. Фронтмен на групата е ди-џејот  Џефри Суториус  а.к.а Dash Berlin, еден од десетте напопуларни  DJ-и во светот. Започнал како тапанар пред да ја открие електронската музика. Од тогаш е извор на инспирација за многу светски DJ-и. Неговата “Better of alon“ беше прва транс-песна која дојде од Европа во Америка,  а го инспирираше францускиот супер-стар DJ Дејвид Гета и еден од најголемите рапери Виз Калифа. Има работено со многу музичари меѓу кои Џастин Тимберлејк, Џенет Џексон,  Лени Кравиц, електронското дуо Ројксоп, бендот на Фарел Вилијамс – Н.Е.Р.Д., Ени Ленокс и други. Неговиот ремикс на песната “Rock your body” од Џастин Тимберлејк ја доби наградата за најдобар ремикс на шоуто за музички награди “Dance Star USA Awards”.
Слично

Поврзани вести