Даниел Кајмакоски – македонски претставник на Евросонг
Македонија го избра претставникот за Евросонг. На Скопскиот фестивал вечерва победи Даниел Кајмакоски и тој ќе патува следната година на изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Виена, Австрија.
Кајмакоски настапи со песната „Лисја есенски“ за која освои 22 поени, доволно за првата награда од 20 илјади евра.
Второпласирана беше Тамара Тодевска со песната „Брод што тоне“, која доби награда од 10 илјади евра, а на третата позиција е Евгенија Чанчалова со нумерата „Да не те сакам“, која освои парична награда од 5 илјади евра.
Вкупно 20 изведувачи годинава настапија на Скопскиот фестивал, кој воедноо беше и национален избор за песна на Евровизија за Македонија.
Победникот беше избран по принципот заедничка одлука на експертското жири и телефонското гласање, во рамноправен соодбос 50-50.
Слично
