Дали знаете што значат овие квадратчиња на пастите за заби? Ќе се изненадите!
Веројатно никогаш при купувањето на паста за заби не посветувате внимание на она квадратче во долниот дел на амбалажата.
За тоа квадратче многумина тврдат дека открива дали во пастата се наоѓаат само природни состојки или хемикалии.
Ако на дното на тубичката стои црн код тоа значи дека во пастата се само хемикалии.
Ако на дното има црвен код во неа се природни материи и хемикалии.
Доколку е плав код тоа значи дека пастата содржи природни материи и лекови.
Ако на дното пак има зелен код пастата е направена од целосно природни состојки.
Сепак, според наводите на произведувачите, кодовите на бојата всушност не се однесуваат на состојките, туку квадратчињата се дел од производниот процес и означуваат местот каде производот треба да биде сечен и свиен, а се чита со светлосни сензори.
За да дознаете што се наоѓа навистина во пастата мора да ја прочитате декларацијата на која би требало да се наведени сите состојки.
