Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали знаете кои се најчестите имиња во Америка?!

Дали знаете кои се најчестите имиња во Америка?!
Во нашата земја Александар е убедливо најпопуларното машко име, додека Марија води кај женските имиња. Никола, Зоран, Елена и Билјана се исто така фаворите на македонските мајки и татковци или на кумовите за имињата кои треба да ги дадат на новороденчињата.

Од другата страна на светот немаме баш информации кои се најчестите имиња и ние се потрудивме да ги пронајдеме за вас. Ова се најпопуларните женски имиња во САД. Гледате дека Американците имаат слични вкусови по држава, па така скоро секаде доминираат Софиа и Ема. Кај нас имињата Софија или Софиа може да се сретнат околу 3.000 пати, додека името Ема го има 710 пати.  Што би рекло вкусовите за женски имиња може да ни се погодат.

Од друга страна веројатно немаме никаква сличност со најпопуларните имиња на машките деца. Како што гледате на горната слика, тука има многу поголема разноликост за разлика од женските имиња, но се чини дека северот го преферира Лиам, додека западот Вилиам. Инаку генерално гледано во изминативе 100 години најпопуларно име за машко дете во САД било Џејкоб.

Редакција Фактор

Слично

Поврзани вести