Дали земјоделците должници ќе можат до државни субвенции?
Ресорното министерство за земјоделство предлага земјоделците да не го губат правото на субвенции доколку во моментот на аплицирање имаат заостанати долгови кон УЈП.
Во измените, за давачките за кои е надлежна Управата за јавни приходи и условот да се платат сите долгови од користењето на средствата од странските фондови, се предлага да бидат избришани.
Доколку овој предлог се донесе, земјоделците во иднина ќе ги добиваат субвенциите без разлика дали имаат долгови кон УЈП.
За навремено плаќање, остануваат само обврските за закупнината за државното земјоделско земјиште, пашарината, водниот надоместок и концесијата за рибарство и за ловство.
За овие давачки останува правото Платежната агенцијата да може изврши пребивање на долговите од одобрената субвенција.
