Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали треба да бидете пријатели со шефот на Фејсбук? – Никако!

Дали треба да бидете пријатели со шефот на Фејсбук? – Никако!
Постојат некои личности кои е подобро да ги немате во листата на пријатели на социјалните мрежи. Еден од нив е и шефот. Во анонимна анкета која ја спроведе сајтот„ SodaHead“ од испитани 722 луѓе, дури 81% сметаат дека не би требало да бидат пријатели на Фејсбук со својот шеф. Што се однесува на деловните соработници мислењата се поделени, па така 55% од испитаниците сметаат дека е сосема ОК да ги имаат деловните соработници во листата на пријатели. Ако сте активен Фејсбук корисник, вашите пријатели ќе видат многу аспекти од вашиот живот, вашите фотографии, семејството, најнови активности и т.н. Затоа луѓето не сакаат шефовите да имаат пристап до толку многу информации. Многумина сметаат дека е најдобро да се одржи професионална дистанца на работа. Особено не сакате да се најдете во ситуација на вашиот профил да се појават информации дека сте биле на луда забава, откако претходниот ден сте кажале дека ви треба слободен ден затоа што сте болни. Дека не е чудно тоа што вработените не сакаат да го имаат шефот во пријатели на Фејсбук говори и фактот што многу луѓе баш поради Фејбук добиле и отказ. Така во 2009 година една жена од Швацарија е отпуштена откако се пожалила дека и пречи работата пред компјутер, а и покрај тоа била активна на Фејсбук. Слична судбина ја снајде и една келнерка која на Фејсбук се пожали за муштериите, по што доби отказ. Освен Фејсбук, би требало да бидет внимателни и со пораките што ги оставате на Твитер. Пред да го додадете вашиот надреден за пријател, добро размислете што може да ви донесе тоа онлајн пријателство.
Слично

Поврзани вести