Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Скопје ја доби најдобрата канцеларија во Европа?

Дали Скопје ја доби најдобрата канцеларија во Европа?

Delight Office Solution уште еднаш ја демонстрираше својата експертиза, завршувајќи ја изведбата на канцелариски простор од 4.500 м² за повеќе од 700 работни позиции. За клиентот Taskforce, компанијата креираше простор каде локалната креативност се надградува со меѓународни стандарди, создавајќи инспиративна и функционална работна средина. Проектот се вбројува меѓу поголемите реализирани во регионот и поставува високи стандарди во дизајнот и изведбата на современи работни простори.

Delight Office Solution е интернационална компанија специјализирана за опремување и оптимизација на деловни простори во регионот Адриа. Со присуство во седум земји, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија и тим од над 100 професионалци, компанијата претставува силна регионална приказна за раст и развој.

Од инцијална идеја до финалната реализација, Delight Office Solution се фокусираше на детална анализа, прецизно планирање и оптимизација на просторот, со цел да создаде функционална, ефикасна и добро организирана работна средина за над 700 работни позиции, вклучувајќи канцелариски мебел, подни облогии, стаклени прегради, осветлување, ѕидни облогии, графити, мебел по меркаи други внимателно избрани детали.

„Овој простор не е само канцеларија, тој е искуство. Простор кој го поттикнува креативното размислување, продуктивноста и благосостојбата на вработените, спојувајќи ја локалната инвентивност со светски квалитет на изведба, успех кој е резултат на исклучителната посветеност и координирана работа на тимот на Delight Office Solution, “изјави Регионалниот директор на Delight Office Solution за Македонија, Албанија и Косово, Радослав Милошески.

„Реализацијата на проект од ваков обем бара исклучителна координација, прецизно планирање и континуирана соработка меѓу сите тимови- од иницијалната идеја до финалната изведба на секој детал. Благодарни сме за целосната доверба од клиентот и горди што заедно создадовме резултат кој ги надминува очекувањата. “ изјави Илина Миронска aрхитект и проектен менаџер.

Со овој проект, Delight Office Solution уште еднаш ја потврдува својата способност да реализира комплексни и обемни канцелариски простори, претворајќи ја визијата во функционална и долгорочна вредност за клиентот и неговите вработени.

ПР објава

Слично

Поврзани вести