Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали НАСА пронајде траги на живот надвор од Земјата?

Дали НАСА пронајде траги на живот надвор од Земјата?

НАСА најави конференција за медиумите на која ќе претстави ново откритие за Сончевиот систем.

Агенцијата на конференцијата закажана за 13 април во 20ч по наше време ќе претстави „пошироки потраги за животот надвор од Земјата“ кои ќе влијаат на „идни истражувања на океаните“.

Американската вселенска агенција обично организира вакви настани кога дошла до некое значајно откритие, кое е релевантно за цел свет, а се шпекулира дека можеби открила трагови на живот на еден од природните Сателити на Сатурн.

Таков настан организираа и кога откриле вода на Марс и првиот систем на планети надвор од Сончевиот систем, на кој потенцијално би можело да има живот.

Новото откритие би требало да се однесува на истражувања на леталото , кое веќе долго кружи околу Сатурн и неговите природни сателити.

Настанот ќе може да се следи и во живо преку интернет.

Слично

Поврзани вести