Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ - од утре нов серијал документарни филмови на АлсатМ

ДАЛИ ЛИЧИМЕ НА ЕУ - од утре нов серијал документарни филмови на АлсатМ

Медиумскиот простор во земјава ќе биде збогатен со нова емисија. Станува збор за серијалот од документарни фиолмови „Дали личиме на ЕУ“, кои од утре ќе почнат да се емитуваат на телевизијата АлсатМ. 

Гледачите овие емисии ќе имаат прилика да ги гледаат секој вторник и петок во наредните пет недели.

„Дали Личиме на ЕУ“ е нов серијал од 10 документарни филмови, во продукција на Балкон3. Од утре, први јуни, тие ќе почнат да се емитуваат на ТВ Алсат М, секој вторник и петок, во рамки на емисијата #Попладне #Pasdite, со почеток во 16:40 часот.

Станува збор за многу интересни содржини, бидејќи, како што се најавува, документарните филмови фрлаат светло врз десетте најкритични области во почитувањето на човековите права во земјава. Всушност, тие прават споредба на состојбите кај нас, со она што на тој план се случува во државите од Европската унија. Или, поедноставно кажано, овие документарни филмови ќе ни откријат што е она што и покрај донесените закони и регулативи, во земјава сепак ни недостасува за да заличиме на Европската Унија?

„Дали личиме на ЕУ“ е прашање што по својата важност го надминува прашањето дали и кога ќе станеме членка на Унијата. Тоа е всушност прашање на можности и стандарди што овозможуваат подобар живот. Прашање на ангажманот на државните институции и на општеството во градењето подобро утре. 

Европа не треба да ја гледаме како симбол на совршенство, туку како симбол на желбата за усовршување. На желбата секој да ги ужива своите фундаментални права. „Дали личиме на ЕУ“ значи дали го заслужуваме епитетот „европски“, кога зборуваме за правата на човекот и на граѓанинот.

Документарните филмови во продукција на Балкон3, се финансирани од програмата ЕИДХР на Европската унија.

Подолу линкови преку кои подобро ќе се запознаете со содржините.

За серијалот:

https://www.youtube.com/watch?v=uHp2ZEMR_RM

За првата епизода:

https://www.youtube.com/watch?v=b7947mX925g

Слично

Поврзани вести