Дали ќе има нов Луна Парк во Скопје ќе се знае по изборите
По изборите во март ќе биде направен изборот на концесионер на новиот суперзабавен Луна парк во Скопје.
-По завршувањето на локалните избори ќе се знае како ќе продолжат работите околу изградбата на новиот забавен парк. Град Скопје го поништи и последниот распишан јавен повик за нов Луна Парк“, велат од град Скопје за Нетпрес.
Според последниот објавен тендер, Град Скопје од концесионерот ќе бара изградба на нов забавен парк на истото место на стариот, управување и одржување на истиот. Вредноста на проектот се проценува на 8 милиони евра.
Слично
