Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали го развивате „следното големо нешто“? South Central Ventures ќе инвестира 40 милиони eвра во најамбициозните стартапи од сферата на технологијата во регионот

Дали го развивате „следното големо нешто“? South Central Ventures ќе инвестира 40 милиони eвра во најамбициозните стартапи од сферата на технологијата во регионот

South Central Ventures, менаџер на ENIF фондот е отворен за инвестиции во иновативни компании од Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Официјално фондот е веќе стартуван во Загреб и Белград, и од пред некој ден беше отворена и канцеларијата во Скопје.

Зад South Central Ventures стои тимот на RSG Capital, кој веќе зад себе има 8 годишно искуство во инвестирање во регионот. Примери на портфолио компании во кои имаат инвестирано до сега се Celtra - еден од најуспешните словенечки стартапи за мобилно рекламирање, платформата за креирање мобилни апликации -ShoutEm, дигиталната агенција –Degordian, која стои зад производите Social Puzzle и Mediatoolkit, како и автоматизираниот систем за мониторинг наштетници -Trap View.

south central ventures1

Во какви стартапи ќе се инвестира?

Фокус е ставен на стартапи од сферата на технологијата, или конкретно мобилни и веб базирани решенија, интернет на нештата (IoT) или слични инфраструктурни проекти, како и агротехнички решенија.

Фокус нема да бидат проекти од областа на биотехнологија или нано-материјали, бидејќи се премногу капитално интензивни и потребно е подолго време за развој и комерцијализација.Каква ДНК се бара во стартапите?

South Central Ventures се отворени исклучително за стартапи кои целат да ‘го освојат светот’.  Затоа и целна група се најамбициозните, најхрабрите тимови кои гледаат надвор од географските граници и градат решенија за глобалниот пазар.

Целта е да инвестира во стартапи кои имаат потенцијал за интернационален раст и развој на бизнисот, односно се наменети за клиенти од Европа или целиот свет. Нема да се инвестира во стартапи кои се лимитирани на локалниот пазар.

Производ или тим – што доаѓа прво?

South Central Ventures веруваат дека технологијата и пазарот се менуваат многу брзо. Она што е клучно за успех е тим кој е целосно посветен, знае да делува брзо и да решава проблеми. Затоа голем акцент се става на основачи кои имаат искуство и одлични менаџмент тимови кои знаат како да го развијат бизнисот и да го освојат интернационалниот пазар.

Во кои фази на развој на компанијата ќе се инвестира?

South Central Ventures располагаат со фонд од 40 милиони евра за стартапи од целиот регион на Западен Балкан. 1.5 милион евра се наменети за почетни ‘seed’ инвестиции кои ќе достигнат до 100 000 евра по компанија. Овие средства се наменети за компании кои се на самиот почеток и работат на тестирање на бизнис моделот и пазарниот потенцијал. Најголемиот дел од средствата е наменет за инвестиции во компании кои се во рана фаза или фаза на раст и експанзија (earlyand growth stage) кои се од 0.5 до 2.5 милиони евра по компанија. Овие инвестиции се наменети за сериозни тимови кои веќе имаат воспоставено одредена база на клиенти и остваруваат приходи, и се наменети за интернационален развој на бизнисот и освојување на нови пазари.

Многу повеќе од финансирање!

South Central Venturesнастапуваат со ‘smart money’, односно освен капитални инвестиции, компаниите добиваат и дополнителна вредност - контакти и мрежа преку т.н. Клуб на основачи во кој се некои од најискусните инвеститори, ментори и претприемачи од регионот. Оттука и мотото на SCV е: Регионална експертиза – глобално влијание.

Како да им пристапите?

South Central Ventures работат од три канцеларии во Белград, Загреб и Скопје. Тимот во Скопје, воден од страна на Татјана Забасу како Партнер, со Ивана Станковиќ како Инвестициски менаџер и Ирена Ефремовска како Соработник, е одговорен за Македонија, Косово и Албанија. Фондот нема отворени повици врзани со рокови туку е отворен секое време да чуе за најамбициозните стартапи. Најдобар начин да се оствари контакт не е преку јавување без претходен контакт (cold calling/emailing), туку преку препорака на некој кој има кредибилитет. Секако постои можноста директно да им се пристапи на некои од стартап настаните, кои често ќе ги посетуваат, и да се разговара за идејата и потенцијалот за раст и можна инвестиција.

Слично

Поврзани вести