Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали да ги проверувате вашите телефони за време на деловниот состанок?

Дали да ги проверувате вашите телефони за време на деловниот состанок?
Го проверувате ли телефонот за пораки или e-mail за време на состанокот ? Ако навистина го правите тоа, тогаш треба да знаете дека тоа ги иритира вашите шефови и колеги. Универзитетот на Јужна Калифорнија истражувал 554 лица кои заработуваат повеќе од 30 000 долари годишно и раководни компании со повеќе од 50 работници. Резултатите може и да ве изненадат, но постарите колеги сметаат дека е крајно несоодветно да проверувате телефони за време на состанокот . Вкупно 86% од учесниците во анкетата одговориле дека е несоодветно да се одговара на повици за време на состанокот , а 84% сметаат дека не е редно да проверуваме за нови пораки. Над 75 % од испитаниците изјавиле дека не е професионално да се пишуваат мејлови или пораки , а 66 отсто се на мислење дека тоа не е правилно дури и за време на неформалните состаноци.
Слично

Поврзани вести