Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали би купиле автомобил преку интернет?

Дали би купиле автомобил преку интернет?

 Hyundai и дигиталниот малопродажен ланец Rockar, во Велика Британија започнале нов начин на продажба  на автомобили на овој произведувач - со помош на апликација за мобилни уреди.

Rockar Hyundai претставува нов пристап на набавка на автомобили наменет за современите клиенти, кои навикнале да купуваат преку интернет.

Овој систем им овозможува на корисниците со апликацијата да истражуваат модели, да закажат тест возење, да закажат замена на некој автомобилски дел во сервис, да го заменат своето старо возило за нов Hyundai - да платат готовина или по пат на различни финансиски пакети.

На апликацијата се пристапува преку веб адресата  rockar.com, а купувањето може да се направи само за пет минути со помош на компјутер, таблет или паметен телефон.

Онлајн порталот е поддржан од страна на продавницата која се наоѓа во градот  Блувотер, во Кент, местото кое годишно привлекува преку 27 милиони посетители и кој претставува еден од најголемите трговски центри во Велика Британија.
Развојот на  Rockar Hyundai дигиталната платформа траел две години, а клиентите при купувањето не се во обврска да разговараат со никој ако не го сакаат тоа.
„Традиционалните авто-дилери секогаш ќе имаат значајна улога кога е во прашање купувањето на новите автомобили, меѓутоа оваа онлајн апликација како и дигиталната продавница им дава на корисниците и други избори“, вели претседателот и генерален директор на компанијата Hyundai за Велика Британија, Тони Витернон.
Слично

Поврзани вести