Да се модернизираат зелените пазари, бараат пазарџиите
За да се вратат купувачите потребно е пазарите да се модернизираат, тврдат од групацијата на зелени пазари.
Пазариџиите постојано се борат со сивата економија, затоа што дивите пазарџии продолжуваат да продаваат околу зелените пазари и да земаат голем дел од прометот на оние кои се уредно пријавени и редовно ги плаќаат давачките.
Големите супермаркети ја намалија продажбата на зелените пазари за 10 до 20%. Граѓаните се повеќе купуваат овошје и зеленчук во маркет. Околу 20.000 семејства во земјата имаат тезги под закуп и се занимаваат со оваа дејност.
Нов лик наскоро ќе добие Бит Пазар, а нов пазар се гради и во Ново Лисиче. Во меѓувреме во тек е модернизација на пазарите во Битола и во Штип.
Слично
