Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се инвестира во фонд е оправдана одлука на долг рок: Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент во подкастот Бизнис Класа

Да се инвестира во фонд е оправдана одлука на долг рок: Петар Андреевски од ВФП Фонд Менаџмент во подкастот Бизнис Класа

„Во главата не ми се вртат бројки, пари или профит. Многу почесто ми се вртат луѓето, бидејќи сметам дека секоја компанија ја создаваат луѓето кои работат во неа. Се разбира дека во секој бизнис мора да имаме таргети и конкретни цели, но во текот на денот не размислувам на нив, туку на нашите вработени и на тоа дали се тие задоволни, како можеме да привлечеме повеќе луѓе, како да поминеме повеќе време со нив и да споделиме повеќе искуства“, вели Петар Андреевски од ВФП во однос на неговиот тип на лидерство и за работите на кои размислува во текот на работниот ден. 

На прашањето дали банките се вистинската конкуренција на ВФП Фонд Менаџмент, господинот Андреевски одговори: „Не банките, туку депозитите во македонските банки се нашата вистинска конкуренција. Можеби порано граѓаните не беа целосно информирани за ефектот на инфлацијата над нивната заштеда, но сега полека стануваат свесни и почнаа да имаат се’ поголема доверба во тимот на ВФП, па наместо во банка, решаваат парите да ги вложат во инвестициски фондови. Се разбира, ова не е на штета на банките, бидејќи и банките се дел од овој бизнис“.

„Причината за постоењето на инвестициските фондови всушност е за да на просечните заработувачи им се даде еднаква шанса за заработка како и на богатите инвеститори. Пред 200 години обичните граѓани немале можност да си дозволат аналитичари, ревизори кои ќе им помогнат да ја одберат најсоодветната хартија од вредност за своето портфолио. Но сега, со инвестициските фондови како ВФП, тоа може да го направи буквално секој што располага со средства – колкави и да се тие. Во нашите фондови минималниот износ е 1000 денари, што сметам дека е сума која секој може да си ја дозволи“, вели Петар Андреевски од ВФПво подкастот Бизнис Класа со Мишко Ивановски.

Повеќе од овој навистина интересен разговор на линкот

ПР објава

Слично

Поврзани вести