Да останеме на добрата страна од животот: Интервју со Кирил Насков од сноуборд клубот „Полар“
Основна дејност на сноуборд клубот „Полар“ е организирање на школи, кампови и натпревари за сноубординг, скијање и вејкбординг. Дополнително клубот се занимава и со организација на кампови за планински велосипедизам, виндсурфинг, планинарење, риболов и слични спортски активности во природа. Во клубот работат тренери со меѓународно признати лиценци и членуваат просечно по 100-тина членови годишно. За успесите на „Полар“, за искуствата кои „пукат“ од адреналин и за предизвиците во екот на сезоната, разговаравме со Кирил Насков, претседател на клубот, магистер по спортска психологија, тренер по сноубординг, татко на две ќерки, сопруг и, како што на шега вели, рибар во средновечна криза.
* Клубот Полар има богата традиција. На кои Ваши досегашни успеси сте особено горди?
- Клубот „Полар“ постои од 1996 година, а годинава планираме прослава - 23 години постоење. Убава бројка за јубилеј, не мора да е 20 или 25. Успех на кој сме горди е тоа што сме различни од другите клубови, па така, едно време хит за слушање во комбе ни беше песната „Тотално другчији од других“ од Вјештице.
Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.