Економија, финансии, бизнис

Контакт

Д-р Владимир Чадиковски - 5G ќе ја трансформира медицината

Д-р Владимир Чадиковски - 5G ќе ја трансформира медицината

Медицината е една од гранките која во последните години напредува со огромна брзина и тоа благодарение на напредокот на технологијата. Со доаѓањето на 5G  се очекува револуција во медицината и зголемување на квалитетот на живот. Поминаа 3 години од првата операција од далечина со помош на 5G, а потенцијалот за нови фукционалности постојано се зголемува.

Голем поборник за користење на технологијата за подобрување на медицинските услуги е д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург во болницата Аџибадем Систина. Според Чадиковски, 5G ќе донесе многу придобивки за пациентите, но и за медицинските лица, кои ќе го надградуваат своето знаење со помош на новите технологии.

„Речиси непостоечкото доцнење на информациите значи - беспрекорни телеконсултации. Тоа би значело дека докторот од далечина, прецизно ќе ја следи комплетната слика на пациентот, без воопшто да се заедно“, вели Чадиковски.


Интервенциите и операциите на далечина се меѓу најимпресивните примери за новите употреби на технологијата во медицината. Можноста еден пациент да биде физички оддалечен од неговиот доктор, а сепак да ја добие потребната нега, беше нешто што до пред неколку години не можевме ни да го замислиме. Денес, докторот може да го дијагностицира пациентот од далечина, да понуди помош, па дури и да изврши операција..

„Имајќи ја предвид пандемијата, овој новитет е повеќе од добредојден. На пример, во Франција во 2019-та имало 75 илјади телеконсултации неделно, за оваа бројка во 2020 да се искачи на околу милион прегледи неделно. Овој аспект е посебно корисен за хронично заболените и старите лица... Можам да наведам безбројни ситуации во кои сум морал да донесам одлука од која зависи животот на пациентите без да бидам присутен во болницата“, додава Чадиковски.

Новата технологија ќе продолжи да го трансформира здравствениот систем, ќе овозможи операции и лечење на далечина, следење на пациентите во релно време, брза реакција, персонализирана дијагностика, и многу други функционалности што ќе го зголемат квалитетот на живот и животниот век. Кај нас, оваа технологија веќе е реалност. Македонски Телеком ја гради мрежата и досега се покриени 13 градови во Македонија. До средината на годинава се очекува поголем дел од населението да може да користи 5G услуги. Останува да видиме како оваа технологија ќе ги трансформира и унапреди здравствените услуги и медицината како наука.

Слично

Поврзани вести