Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cro Link – нов производ на Кроациа Осигурување – Живот

Cro Link – нов производ на Кроациа Осигурување – Живот
Кроациа Осигурување – Живот а.д. Скопје започнува соработка со Стопанска Банка а.д. Скопје и овозможува склучување на полиса за осигурување на живот преку потрошувачки кредит. Cro Link претставува поврзување на потрошувачки кредит и полиса за осигурување на живот со еднократна уплатена премија. Според Кроациа, овој производ носи неколку придобивки: - Постигнување на финансиска сигурност за себе и своето семејство; - Полиса која носи најголем финансиски приход; - Прифатлив и лесен начин за склучување на полиса за осигурување на живот; - Штедење со истовремено осигурување; - Едноставна постапка за одобрување кредит.
„Станува збор за производ кој досега не и е познат на нашата, но и на пошироката регионална јавност. Со него, Кроациа Осигурување – Живот а.д. и Стопанска Банка а.д. Скопје нудат новитет кој ги спои бенефициите на производите кои ги нуди банката и осигурителната компанија, успеавме да го споиме најдоброто од нашите производи, а се со цел да ги задоволиме преференциите на клиентите. На овој начин на осигурениците им нудиме заштита на нивното семејство без да го загрозат својот семеен буџет, загарантирана заштеда која во моментов нуди највисок принос на пазарот и можност за лесно и прифатливо склучување на полиса за животно осигурување. Цврсто веруваме дека со нoвиот производ CRO Link значително ќе влијаеме на порастот на премијата за животно осигиурување на пазарот, бидејќи, пред се, е креиреан да ги задоволи потребите на секој наш граѓанин, а притоа да не се загрозат неговите финансиски можности“, вели Вилма Учета Дузлевска, Генерален директор на Компанијата.
       
Слично

Поврзани вести