Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!

Дали си подготвен да ја започнеш својата кариера во динамичниот свет на ИТ?

AITONIX, водечка компанија во разработувањето на технолошките решенија, го објави стартот на својата практикантска програма “Code Your Future - AITONIX Internship Program 2024”.Доколку си студент со ИТ насока и својот кариерен пат го гледаш во светот на ИТ, тогаш не ја пропуштај шансата да научиш повеќе за работењето во реална бизнис средина, да стекнеш практично искуство и да учиш од најдобрите во индустријата.

Зошто да аплицираш во практикантската програма на AITONIX?

Компанијата создава иновативни софтверски решенија, постојано следејќи ги новите технологии и нивната имплементација во реална бизнис средина. Развиваат висококвалификуван тим, кој со својата мотивација и посветеност постигнува значајни професионални резултати. Воедно со тоа, веруваат во заеднички вредности и се спремни да го споделуваат своето знаење и да придонесуваат за подобрување на средината во која живееме.

Со што се одликува практикантската програма на AITONIX?

·  Реални проекти и индивидуални задачи: Практикантите во AITONIX не се само набљудувачи. Ќе добивате индивидуални задачи и ќе бидете активно вклучени во реални проекти.

·  Менторство: Искористете ја експертизата на нашите искусни професионалци кои се посветени на вашиот раст и успех. Нашите ментори ќе ви обезбедат персонализирана поддршка во текот на вашата пракса.

·  Динамична Средина: Бидете дел одпозитивна работна средина, каде што се охрабруваат креативноста, посветеноста и тимската работа. Во AITONIX, секој глас се слуша и секоја идеја се вреднува.

·  Сертификат за успешно завршена практикантска програма: сертификат добиваат практикантите кои успешно ја поминале практикантската програма и покажале знаење, надградување и посветеност.

Рокот за аплицирање за “Code Your Future! AITONIX Internship Program 2024” е 30.06.2024.

За да аплицираш, потребно е да испратиш имејл на careers@aitonix.group наведувајќи ги своето име, телефон, кратко претставување и биографија (CV).

За повеќе информации за програмата, распоредот и начинот нааплицирање, посетија веб-страната на AITONIX.

ПР објава

Слично

Поврзани вести