Економија, финансии, бизнис

Контакт

Clear View Бизнис Тренинг Центар доделува две целосни стипендии за HR Академија во вредност од 1.600 евра

Clear View Бизнис Тренинг Центар доделува две целосни стипендии за HR Академија во вредност од 1.600 евра

Повикот за стипендии за есенската генерација за 2019/20 година за HR Академијата е отворен. Доделуваме две целосни стипендии во вредност од 1.600 евра и две делумни стипендии во вредност од 800 евра

Стипендиите се однесуваат на предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од октомври 2019 до јуни 2020 година.

Како да аплицирам?

·  Побарајте ја апликацијата за стипендија на меилот Info@clearview.com.mk и пополнетата апликација за стипендија заедно со Вашето CV пратете ја најдоцна до 27 септември.

Aкадемијата е подготвена од HR професионалци за следните генерации на HR лидери!  Искористете ја оваа можност и станете дел од десетата генерација. Тимот на предавачи е составен од експерти во различни области на HR. Тие се HR менаџери кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носи оваа професија.

Детали за стипендиите и академијата ќе најдете на официјалниот сајт.

За ситедополнителни информации обратете се на info@clearview.com.mk ,  makedonka.berberu@clearview.com.mk и 077 579 118.

Слично

Поврзани вести