Економија, финансии, бизнис

Контакт

Claxi, првата македонска апликација за повикување такси, ве води на Web Summit 2015

Claxi, првата македонска апликација за повикување такси, ве води на Web Summit 2015

Градот Даблин повторно станува центар на иновативниот дигитален свет. Најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот Web Summit, од 03 – 05 Ноември 2015 по шести пат ќе се одржи во Даблин, Ирска, а Claxi- првата македонска апликација за повикување на такси гордо ќе ја претстави својата апликација помеѓу миксот од менаџери, основачи, инвеститори, стар ап компании и индивидуалци од различни индустрии, особено ориентирани кон технологијата.

claksi0

На најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот- Web Summit, ќе се претстави и Claxi, со цел да го претстави концептот на работа, а истовремено да ги отвори вратите за потенцијални партнерства и инвестиции на странскиот пазар. Во моментов тимот на Claxi работи на бета (тест) верзијата на оваа апликација за iOS.

claksi1

Тимот на Claxi, оваа година реши да ги изненади своите корисници, подарувајќи  бесплатни влезници на оние кои сакаат да бидат дел од Web Summit 2015. Заинтерсираните кои сакаат да станат добитник на влезница, потребно е да го контактираат тимот на Claxi, на support@claxi.net.

claksi3

На овогодинешната конференција Web Summit која ќе се одржи од 3-ти до 5-ти ноември се очекуваат повеќе од 30.000 посетители, 21 конференција и 1.000 говорници од целиот свет. Меѓу говорниците, најзвучни имиња оваа година се Mike Krieger – Ко-основач на Instagram, Stewart Butterfield - Ко-основач и извршен директор на Slack; Dan Brown – Автор; Peggy Johnson –задолжен за развој на компанија, Microsoft; Edwin van der Sar – Генерален маркетинг менаџер, Ajax; како и многу други светски имиња.Цената на билетите започнува од €1,245 евра и истите им овозможуваат на посетителите пристап до сите сцени на конференцијата.

Слично

Поврзани вести