Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cкопје ќе го разубават лејди таксистки

Cкопје ќе го разубават лејди таксистки
Cкопје може да добие „женско такси“ доколку се реализира идејата што се јавила меѓу вработените во такси-компанијата „Ин“ каде што, во моментов има седум жени возачи на такси, пишува Дневник. Овие жени велат дека би било добро да бидат барем десет таксистки и во рамките на компанијата да формираат посебна група од возачи-жени. Сметаат дека идејата е атрактивна и ако успеат да направат, како што велат лејди-такси, би биле единствени во Македонија. - Оваа иницијатива сега е во разгледување, а кога ќе се реализира, се уште не можеме да кажеме. Имаме седум жени, единствени таксистки во Македонија, но треба да се собереме 10 за тоа да профункционира - велат таксистките Валентина Донева (47) и Афродита Стевановска (39). Таксирањето кај нас се смета за машка работа, а тие како припаднички на понежниот пол велат дека успешно ја работат работата и се рамо до рамо со колегите.   Фото/Дневник
Слично

Поврзани вести