Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦИТАТИТЕ НА познатиот кулинарски милионер Џејми Оливер: Децата ќе ви кажат се за дрогата, а не знаат каков вкус има целерот

ЦИТАТИТЕ НА познатиот кулинарски милионер Џејми Оливер: Децата ќе ви кажат се за дрогата, а не знаат каков вкус има целерот

Британецот Џејми Оливер дефинитивно е една од суперѕвездите на кулинарството. Тој е готвач, сопственик на ресторани, водач на телевизиски емисии. Издал и неколку успешни книги со рецепти. Освен тоа се занимава со обука на млади готвачи и одликување на здраво, избалансирана исхрана во Велика Британија и насекаде во светот.

Денес богатството на Оливер надминува 400 милиони долари и тој е еден од најбогатите кулинари во светот. Повеќе за неговиот став кон храната и светот откриваат некои од неговите незаборавни говори.

1. „Храната е едно од најголемите задоволства во животот, но за жал често ја претвораме во наш непријател.“

2. „Кога сакаш да поместиш планина, важно е да имаш до себе луѓе, подготвени да ја преместат со тебе.“

3. „Треба да го заслужиш вкусот. Никој нема да ти го даде гратис.“

4. „Искрено верувам во моќта на храната. Таа може да ни ги даде некои од најубавите моменти во нашите животи.“

5. „Шеќерот е следниот тутун и тоа е страшно.“

6. „Секое дете, без разлика од каква средина доаѓа, треба да биде научено на основните работи за храната - која е корисна, како се подготвува, како влијае на неговото тело. Овие вештини се исто толку важни како читањето и пишувањето, но некако се изгубиле во последните генерации.“

7. „Тажно е што многу деца можат да ви кажат се за дрогата, а не знаат каков е вкусот на целерот.“

8. „Вистинската храна нема состојки. Вистинската храна е состојка.“

Слично

Поврзани вести