„Cisco“ крати 14 000 вработени во целиот свет
Најголемиот производител на мрежна опрема Cisco Systems планира да скрати најмалку 14 илјади вработени во целиот свет, пишува CRN, повикувајќи се на различни извори блиски до компанијата. Според информациите Cisco ќе ја објави програмата за кратенки во следните неколку недели. Од компанијата одбиле да ги коментираат информациите.
Од април 2016 година во Cisco работат околу 73 100 вработени. 14 000 работници кои претставуваат 20% од персоналот на фирмата во целиот свет. Ова ќе биде најголемото намалување на работници во 32-годишната историја на компанијата.
Последните масовни отпуштања во компанијата беа во август 2014 година, кога беа отпуштени 6.000 работници. Мерката беше дел од поголем план за реструктуирање на Cisco во врска со неодамнешниот пад на корпоративните профити.
Седиштето на Cisco е во главниот град на Силиконската долина Сан Хозе. Оттаму се очекува во текот на следните неколку недели да биде прогласена веста за масовните отпуштања, бидејќи многу пакети за предвремено пензионирање веќе биле понудени на вработените, објавија изворите. Cisco треба да го објави четвртиот резултат за фискалниот квартал до денови.
