Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чвореста кожа кај добитокот, фармерите да пријават ако забележат симптоми

Чвореста кожа кај добитокот, фармерите да пријават ако забележат симптоми

Во Демиркаписко  пред неколку дена е откриен случај на чвореста кожа кај говедо, по што животното е убиено.

Изолирани се и другите четири говеда во местото Чифлик. Сепак постои опасност од ширење на болеста бидејќи таа се пренесува многу лесно, со каснување од инсекти преку допир на заразено говедо со друго или преку храна и вода.

Опасност за луѓето нема затоа што не е пренослива од животните, но поради лесното ширење сточарите можат да трпат големи загуби.

На фармерите од Агенцијата за храна и ветеринарство им ги посочија симтомите кои ги има болното животно, зголемена температура, лигавење од носот и устата, ја одбиваат храната и млечноста опаѓа. Инкубацијата на болеста трае две до три недели.

Чвореста кожа е болест која е типична за Африка, но со поместувањето на температурните граници се шири и преку Турција, Грција, Бугарија стигна и во земјава.

Слично

Поврзани вести