Економија, финансии, бизнис

Контакт

Човековите права во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Човековите права во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија

По повод Меѓународниот ден на човекови права на 10 декември 2015 година, Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија ја посвети оваа недела на активностите во областа на Човековите права.

Од 8 до 11 декември 2015 година делегација од Долна Нормандија сочинета од преставници на Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен и професори од Универзитетот на Каен организираа активности со нивните партнери во Македонија.

На 9 декември се одржа петтото издание на Денот на компаративно право помеѓу Франција и Македонија во Скопје на тема "слобода на вероисповед" организиран од Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен и Француската амбасада во Скопје во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје.

Настанот беше отворен од страна на амбасадорката на Франција во Македонија Н. Е. г-ѓа Лоранс Оер која ја нагласи важноста на размените помеѓу Франција и Македонија во областа на човековите права особено во академскиот кадар. Професори по право од факултетот во Скопје и во Каен презентираа на оваа тема во присуство на студентите од Правниот факултет во Скопје и 20 студенти од Правниот факултет во Каен. Темата разви богата дебата и дискусија помеѓу студентите.

На 10 декември се одржа единаесеттата меѓународна конференција е-Општество.мк на темата: „Слобода и приватност на интернет“во Скопје, организирана од страна на Фондација Метаморфозис во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен. Конференцијата ја опфати темата човекови права како основа на современото општество. За време на конференцијата беа презентирани најдобрите практики во образованието за човекови права, како и алатките за подобрување на безбедноста и приватноста на интернет, новинарски стандарди и човекови права и борба против говорот на омраза.

Областа на Човековите права има голема важноста за Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Во оваа област се инволвирани голем број чинители од Долна Нормандија и Македонија и се води на различни теми поврзани со Човековите права.

Слично

Поврзани вести