Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири милиони денари за нова опрема издвои Министерството за здравство

Четири милиони денари за нова опрема издвои Министерството за здравство

Околу четири милиони денари издвои Министерството за здравство за набавка на изолациска количка за транспорт на лица со сериозни инфективни заболувања, скафандери, одела, чизми и 15 дишни апарати, опрема која  ќе биде стационирана во Здравствен дом Скопје.

Македонија е една од првите земји во поширокиот регион која има набавено ваква опрема. Освен за заболени од ебола, може да се користи и за транспорт на лица со САРС, колера итн.  Министерот за здравство Никола Тодоров денеска направи увид во опремата презентирана во кругот на Поликлиниката Букурешт во близина на Итната медицинска помош.

- Се надевам дека нема да има потреба да се употреби опремата. Ја набавуваме со цел здравствениот систем во Македонија да биде комплетно подготвен за справување со вакви несакани ситуации или последици од сериозни инфективни заболувања, посочи Тодоров.

Оваа опрема, нагласи, ја имаат набавено сите развиени здравствени системи и се користи за транспортирање болни кои имаат сериозни инфективни заболувања.

- Опремата има посебен режим на чување. Предвидено е количката да биде чувана на едно место и да има одговорна установа која има обврска еднаш во период од шест месеци да ја проверува и да биде правен редовен сервис, истакна Тодоров.

Тој потенцира дека опремата може да се користи за транспортирање пациенти од една во друга здравствена установа во државата, за транспортирање пациенти од Македонија во странство и обратно, за транспортирање со амбулатно возило и за авионски транспорт.

Слично

Поврзани вести