Четири работи кои работодавците сакаат да ги знаете кога пишувате CV
Во големи компании кога ќе стигнат стотина CV, работодавците немаат време да читаат детали од вашата кратка биографија.
Сајтот Money.usnews пишува неколку трикови за тоа како треба да го изработите вашето CV.
Работодавецот прво гледа дали ја работите работата за која конкурирате
Повеќето менаџери сакаат да вработат човек кој работел на иста или слична позиција.
Колку и да е добро напишано вашето CV, aко немате искуство во таа област, тоа нема да ве доведе до интервју за работа.
CV кое почнува со вашите вештини не е добро.
Ако вака почнува вашето CV тоа нема да ве одведе на добар пат.
Искуството мора да биде свежо.
Ако вештините кои се бараат не ги практикувате со години, треба да го освежите знаењето или да посетите курс.
Вашето CV треба да ве доведе до интервју, а не до тоа да бидете вработени.
Ако знаете што се бара да одредена позиција, ќе знаете како да го уредите вашето CV.
