Економија, финансии, бизнис

Контакт

Часовник на холивудската легенда Њумен продаден за вртоглава сума

Часовник на холивудската легенда Њумен продаден за вртоглава сума

Пол Њумен ќе остане запаметен како еден од најатрактивните холивудски актери со уникатен израз и шарм, па затоа воопшто не е изненадување огромниот интерес за неговите лични предмети. Така рачниот часовникот од престижниот бренд „Rolex“ која му припаѓал на славниот холивудски актер Пол Њумен продаден е на аукција во Њујорк за рекордни 18 милиони американски долари.

Часовникот е подарок од неговата сопруга Џоан Вудфорд во времето кога во 1969 година задно го снимале филмот „Winning“. Вудфорд на часовникот игравирала „Вози внимателно, Јас“.

Уште еден часовник сопругата му подарила во 1984 година, а часовникот „Daytona Rolex“ Њумен му го подарил на тогашното момче на својата ќерка, Џејмс Кокс, кој неодамна подарокот решил да го понуди на наддавање,.

Часовникот од нерѓосувачки челик е продаден на купувач кој сакал да остане анонимен, кој наддавал телефонски, за 17,8 милиони долари. Тоа е многу повеќе отколку очекуваните само милион долари, на колку што беше проценет часовникот пред аукцијата.

Во филмот „Winning“, Пол Њуман толкуваше лик на возач на тркачки автомобили, улога којашто потоа го поттикна неговиот интерес за автомобилизмот. Познато е дека актерот беше љубител на брзите автомобили и на трките.

Пол Њумен почина во 2008 година, на 83-годишна возраст.


Слично

Поврзани вести