Центарот на Скопје за Велигден затворен за сообраќај
Во сабота од 20 часот, па се до завршување на Велигденската богослужба ќе биде забрането движење на возила околу храмот „Св. Климент Охридски“. Како што информираат од Град Скопје, забраната важи за дел од булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булевар „ВМРО“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“.
Сите автобусите што се движат по булеварот „Партизански одреди“ кон Карпош ќе бидат пренасочуваи по околните улици, ингормираат од Градот и апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на новиот времен режим
Слично
