Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целосен потоп-Тошиба исчезнува?

Целосен потоп-Тошиба исчезнува?

Јапонската група Тошиба после две одложувања, ги објави финансиските резултати, со предупредување дека нејзиниот опстанок е во прашање.

„Постојат материјални настани и услови кои предизвикуваат суштинско сомневање во способноста на компанијата да продолжи да функционира концернот“, наведено е во соопштението, пренесува БиБиСи.

Тој конгломерат кој опфаќа бизнис од електроника до изградба, пријави загуби од 4,8 милијарди долари (532 милијарди јени) за период од април до декември минатата година. Меѓутоа тие резултати не ги одобрила ревизорската куќа на компанијата.

Компанијата предупредила дека нејзината нето загуба за фискалната 2016 година која е завршена во март би можела да помине девет милијарди долари (илјада милијарди јени) што е една од најголемите загуби во историјата на јапонските компании.

Во февруари компанијата прогнозираше загуби од 3,5 милијарди долари за таа фискална година.

Тошиба која стана позната по електронските производи, се соочува во последно време со низа тешкотии.

Таа е втор произведувач на чипови во светот, и нејзините производи се користат во центрите за изработка на податоци и потрошувачки производи ширум светот, вклучувајќи ајфони и ајпади.

Проблемите го достигнаа врвот во почетокот на оваа година, кога стана јасно дека нејзината американска филијала, нуклеарната компанија Вестинхаус, западнала во финансиски проблеми. 

Вестинхаус прогласи отворање на стечајна постапка во март и е заштитен од кредиторите додека спроведува реструктуирање.

Слично

Поврзани вести