Целата сноуборд елита дел од ФИС купот одржан на Попова Шапка организиран од страна на СФМ и ХМКД
Во текот на овие два дена (25 и 26 март) се одржаФИС купот во СНОУБОРД во еден од најпопуларните скијачки центри кај нас – Попова Шапка,организиран од страна на СФМ и ХМКД.



На натпреварот учестуваше целата сноуборд елита меѓу кои на огромно задоволство на Скијачка федерација на Македонија беше и актуелниот светски шампион во сноубординг словенецот Zan Kosir, кој заврши како втор во купот.
Купот го освои и како прв заврши Kwiatkowski Oskar од Полска, на второто место заврши најдобриот светски сноубордер Zan Kosir. Третото место го освои Gasienica Daniel Andrzej од Полска, а како четврт во листата се запиша нашиот најдобар сноубордер Александар Кацарски, кој го постигна вториот најдобар резултат во македонската сноуборд историја и е на половина пат од освојување на олиписката А норма.





