Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cе отвора уште една катна гаража која ќе обезбеди 400 паркинг места

Cе отвора уште една катна гаража која ќе обезбеди 400 паркинг места
Денеска официјално ќе биде отворена новоизградената катна гаража меѓу улицата Свети Кирил и Методиј и булеварот Македонија, кај поранешниот Цветен пазар. На официјалното отворање ќе присуствуваат вицепремиерот, Зоран Ставрески и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Катната гаража е на две подземни и седум надземни нивоа, а обезбедени се вкупно 445 паркинг места, од кои 17 се наменети за лица со посебни потреби. На приземјето ќе има деловен простор, а последниот кат е предвиден за угостителство. За потребите на гаражата се предвидени два влеза и два излеза за возила и два влеза за посетителите на објектот. Фасадата е изработена од префабрикувани алуминиумски елементи поставени на дистанцери и оддалечени 50 сантиметри од карабината.  
Слично

Поврзани вести