Економија, финансии, бизнис

Контакт

Business Insider: Оваa е најпросперитетната земја во светот...

Business Insider: Оваa е најпросперитетната земја во светот...

Најпросперитетната земја во светот веќе не е Норвешка, туку Нов Зеланд, пишува Business Insider. 

До овој заклучок дошол британскиот истражувачки центар Legatum Institute кој секоја година го мери рејтингот на најпросперитетните земји во светот (Prosperity Index).

Норвешка, која седум години беше лидер на врвот на листата оди на второ место. Земјата сега е зад Нов Зеланд по сите критериуми, освен за образование, безбедност и екологија.

Третото место го зазема Финска. Швајцарија е лидер во областа на образованието и го зазема четвртото место на листата. Следуваат Канада, Австралија, Холандија, Шведска и Данска. Велика Британија се наоѓа доста назад - дури на 15-тото место.

Земјите кои се подолу на листата  се Јемен, Авганистан, Централна Африканска Република, Судан и Конго.

При составувањето на рејтингот во Legatum Institute се земени в предвид 104 фактори во 149 земји.





Слично

Поврзани вести