Бугарија: Месото ги поскапе и другите производи
Цените на храната во Бугарија во септември споредено со претходниот месец се зголемиле за 2,7 отсто. Ваквиот пораст се должи на зголемувањето на цените на месото. Според бугарскиот Национален институт за статистика, свежото свинско месо е поскапено за 8,8 отсто, меленото месо за 5,5 отсто, за 3,4 отсто е зголемена цената на пилешкото месо, 2,7 на телешкото месо и трајните колбаси се поскапени за 3 отсто.
Од останатите основни прехрамбени производи, најмногу се зголемила цената на јајцата, дури 4,5 отсто, брашното поскапело за 2,5 отсто, маслото за јадење за 1,6 отсто. Зголемување на цените на бугарскиот пазар има и кај млечните производи. За 1,4 е зголемена цената на кашкавалот, на јогуртот за 0,5 отсто а цената на свежото млеко е зголемена за 0,3 отсто.
Слично
