Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буци, научи да се сакаш

Буци, научи да се сакаш

Еден Велигден баба ми печеше јагне за целото семејство. Тоа беше мојот прв Велигден каде што јас ќе пробам јагнешко месо, ама најважно е како го пробав. Мајка ми и Татко ми беа на работа нормално до четири и нешто а бабата како и секоја баба царица беше готова со ручекот во еден. До ден денешен таа и дедо ми имаа навика да ручаат најдоцна до два. Сега е поинаку, ќе си оди уште малку царицата моја. Нејсе, нормално како секоја баба, штрбна од мевцето за да ми даде да пробам. Уф. Жената знаеше сериозно да готви. Го ставаш месото во уста и почнува рузмарин ливада да ти се привидува. Меко, топло, тазе, печено со љубов што би рекол татко ми покоен. Абе душа. И така јас прв пат пробав јагнешко, баба ми ја замота тепсијата во фолија и ја стави одозгора на шпорет, да стои топло. Е сега, висината на тој шпорет достигнуваше точно до врвот на мојот нос. 

По моја пресметка, како ја брцнуваш раката под фолијата и чепнуваш од мевцето, нема шанси да се примети после кога ќе ја отворат фолијата. И така квалитетни три саати јас напоредно играв во двор и си подчупнував од мевцето, ама строго под рака, на само, кога немаше никој во кујната. 

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести