Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бубалици се заканија: Дајте ни уште половина милион долари или веќе не снимаме

Бубалици се заканија: Дајте ни уште половина милион долари или веќе не снимаме

Да ни дадете половина милион долари или ништо од продолжението на снимањето на серијата „Бубалици“ (Big Bang Theory), порачаа ѕвездите на оваа серија.

Трите најголеми ѕвезди на хумористичната серија „Бубалици“ моментално број 1 во ударниот термин на американската телевизија, пријателски се договорија дека заедно ќе побараат зголемување на хонорарот. Џим Парсонс, Џони Галецки и Кејли Куочо моментално по епизода добиваат 350.000 долари, но тоа не им е доволно па ќе бараат половина милион долари и процент од продажбата на серијата.

Пред премиерата на седмата сезона, која е закажана за 26 септември, екипата приватно се собра и се договориле дека сите заедно ќе бараат зголемување. Овој потег потсетува на оној култниот „Пријатели“ кои со солидарен договор успеаа да договорат милион долари по епизода за последната сезона од популарната серија.

„Бубалици“ освои осум Еми награди, а се претпоставува дека зголемувањето на платата ќе го добијат, затоа што се зависи од гледаноста која сигурно нема наскоро да падне.

Слично

Поврзани вести