Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брзо пазарење со криптовалути - Дали е возможно наскоро?

Брзо пазарење со криптовалути - Дали е возможно наскоро?

Сопствениците на средства во криптовалути како што се биткоинот или етереумот се уште немаат конкретна платформа за трошење на нивните дигитални пари, а секако голема пречка е и времето потребно за извршување на blockchain трансакцијата за која е потребно и до еден час чекање.

Решение за ваквите предизвици има иновативната француска компанија Idemia која развива систем за брзо прифаќање на blockchain трансакции за наплата со криптовалути меѓу кои и биткоинот.


Така на пример ако сакате да купите кафе на пат за работа или да пазарите во локалната продавница се што ќе треба да направите е да го прикажете вашиот смартфон на кој е поврзан крипто-паричникот по што ќе се валидира наплатата.


На трговците кои сакаат да ги привлечат корисниците кои располагаат со криптовалути ќе им биде потребен само NFC процесор и модем за поврзување со интернет. Тие ќе може да вршат наплати со криптовалути, да враќаат кусур ако е потребно, а посебен дел ќе биде наменет за низок процент на провизија за извршената blochain трансакција.

Ова е секако, иновативна технологија која ги прави своите први чекори, па ќе биде доста возбудливо да се следи како всушност криптовалутите ќе се трошат во секојдневната економија и кој покрај Idemia ќе понуди соодветни решенија со брзи, ефикасни, безбедни и точни blockchain трансакции.


Слично

Поврзани вести