Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брзите ги јадат бавните, Македонија побрзо до дигитална трансформација со помош на Microsoft

Брзите ги јадат бавните, Македонија побрзо до дигитална трансформација со помош на Microsoft

Од денес започнува Microsoft конференцијата Визија: Reloaded, најголемиот  и најзначајниот настан годинава, кој во текот на следните 2 дена ќе биде центарот на случувањата за ИТ и за бизнис-секторот во земјава.

Новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, од годинава претставува и најголемиот настан кој ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор.

Конференцијата во организација на Microsoft Македонија се одржува на 16 и 17 ноември во „Хотел Marriott“ во Скопје. Повеќе од 200 учесници од домашниот но и регионалниот ИТ и бизнис сектор во текот на два дена ќе имаат можност да чујат педесетина предавања од професионалци во ИТ индустријата, како и да учествуваат во дискусии и панели. Една од главните теми на конферецнијата е – Дигиталната трансформација на бизнисите, односно како да се направи повеќе со помалку.

Главен говорник на конференцијата е Michael Kögeler, генерален директор за CEE Multi-countryEurope во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата е и Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

„Претставува огромно задоволство да се биде домаќин на една толку важна конференција, каде ќе ја раскажеме целата приказна за дигиталната трансформација и ќе ги презентираме нејзините потенцијали и можности за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот. Имаме навистина возбудливи два дена полни активности пред нас.“ – изјави Љупчо Георгиев.

На самата конференција, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа  ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.

Стратешки партнер на конференцијата е НЕКСТСЕНС, Ексклузивен партнер е IT LABS, a златни партнери се Cacttus, VEEAM, TDK и RRC.


Слично

Поврзани вести