Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бројот на новороденчиња и склучени бракови бележи пад во 2014

Бројот на новороденчиња и склучени бракови бележи пад во 2014

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2014 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1.1% и изнесува 5 853  живородени деца, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика додека бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2014 година бележи зголемување од 1.6 %, во споредба со  истото тримесечје од 2013 година, и изнесува 5 098 лица, а од нив 58 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 755 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2.0 %, во споредба со истиот период  од 2013 година, и изнесува 3 309 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 9.1%, во споредба со истиот  период од 2013 година, и нивниот број изнесува 517.

Слично

Поврзани вести