Бројката на корисници на „смартфон“ стигна до 1 милијарда
Во текот на третиот квартал на 2012 година, индустријата за т.н паметен телефон (смартфон), ги поместува границите, па според последните податоци на аналитичарите од „Стратеџи Аналитикс“ меѓу јули и септември 1,04 милијарди жители на Земјата користеле смартфон.
Пет години по излегувањето на Ајфон на пазарот, во вториот квартал на 2012-та 959 милиони лица користеле ваков телефон. Во третото тримесечје од 2011, во светот биле во употреба 708 милиони смартфони. Американските истражувачи очекуваат нивниот бројот да се удвои и да достигне 2 милијарди луѓе во текот на следните три години.
Првиот смартфон беше „Нокиа Комуникатор“ и се појави уште во 1996 година, но брзо беше засенет од моделите на Епл по пласирањето на Ајфон на пазарот во 2007 година.
И компанијата за истражување на пазарот „Ovum“ пак очекува дека во наредните години се повеќе луѓе ќе купуваат смартфон. Компанијата сепак предвидува дека во 2012 година ќе бидат продадени 448 милиони вакви телефони, а во 2017 година, индустријата ќе продаде 1,7 милијарди.
Слично
