Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брод за мониторинг плови по Преспанското езеро

Брод за мониторинг плови по Преспанското езеро

Со брод за мониторинг, ќе се испитува екосистемот на Преспанското Езеро. Денеска од селото Стење исплови бродот кој е дел од проектот за заштита на Езерото финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Како што истакна министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, ставањето во функција на бродот е претставува важна пресвртница во идното управување со водите на ова Езеро. Тој посочи дека на овој начин надлежните институции, ќе можат редовно да ја следат состојбата со Езерото и ќе алармираат кога има проблем.

„Ова е еден од првите и најголеми чекори кон воведување на интегрален, континуиран мониторинг на езерските води“, истакна Адеми.

Тој најави дека идниот месец ќе се отвори станицата за мониторинг на Преспанското Езеро во Стење и најсовремена лабораторијасо цел зачувувањето на природните вредности на нашата држава.

Амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото нагласи дека преку проектот за заштита на Преспанското Езеро, чија вредност е 6,3 милиони швајцарски франци ќе се подобри квалитетот на водата во Езерото.

Целта на бродот е да го следи квалитетот и напредокот во квалитетот на водата во Езерото.

Слично

Поврзани вести