Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брод робот ќе ја испитува загаденоста на Охридското езеро

Брод робот ќе ја испитува загаденоста на Охридското езеро
Со брод - робот се испитува загаденоста на водата во Охридско езеро. Како што информираа надлежните, бродот е  опремен со современа технологија, а се најавува дека во иднина водите во Македонија ќе бидат контролирани на вков начин што дава поголем број и покоректни податоци. Бродот го обезбеди хидробиолошкиот завод од Охрид, а со финансиска подршка на ЕУ,  дел од прекуграничните проекти реализирани меѓу земјава и Грција. Со него ќе се мерат биолошко-хемиските својства на водата,независно дали таа е за рекреација, пиење или наводнување. Според Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, ова е голем напредок , а во функција на јавното здравје. За неговиот колега, професорот Џорџ Залидис, претседател на Балканскиот центар за животна средина,  опремата е дело на научните институции од двете држави, Универзитетот „Аристотел“ од Солун и Хидробиолошкиот институт од Охрид и е навистина потребна. „Формиран е нов кластер на институциите на двете држави, што ќе овозможи и натамошна соработка во иднина за доброто на луѓето што ги користат водите од регионот за свои потреби. Апаратурата обезбедува анализи на квалитетот на водата, нејзините биолошко-хемиски својства, присуство на фосфати, нитрати, односно сите нејзини параметри, информации што се корисни за контрола“, истакна Залидис. Проектот вчера беше презентиран на градското пристаниште во Охрид.
Слично

Поврзани вести