Британец на 89 години започна нова работа
89-годишен маж започна работа, бидејќи „умира од здодевност“.
Ветеран од армијата во Велика Британија на 89 години, пронајде работа со оглас за барање работа, кој беше закачен во кафуле, соопштија американските медиуми.
Локалот во крајбрежниот град Пејнтан, кој се наоѓа во југозападна Англија, објави на „Фејсбук" страница, дека Џо Барт започнал работа кај нив во неделата.
Вдовецот, чија сопруга починала пред две години, објавил во огласот дека „умира од здодевност". Тој рече дека во зградата каде живее, има комуникација, но никој не го посетува и кога ќе се врати дома, нема со кого да зборува.
Локалното кафуле му понуди работа и весникот „Хералд експрес" објави видео за тоа како Барт беше пречекан таму со аплауз.
Џо Барт изјави за „БиБиСи" дека е изненаден од целото внимание за него и дека нема трпение и едвај чека да почне да работи.
