Економија, финансии, бизнис

Контакт

Британец ја доби премијата од 89 милиони евра

Британец ја доби премијата од 89 милиони евра

Британец е добитник на џекпот, во висина од 89 милиони евра, на играта „Евромилиони“, соопшти француската компанија за игри на среќа „Ла Франсез де жу“.

Добитникот е единствен играч од деветте земји, што учествуваат во европската лотарија Франција, Велика Британија, Шпанија, Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија,  и кој што ги погодил сите седум броја.

Последниот голем џекпот на играта падна на 14 март во рацете на британскиот автомеханичар Нил Тротер, кој доби 129 милиони евра.

Оваа добивка е 19-та по големина од создавањето на „Евромилиони“ пред 10 години.

Рекордна добивка од 190 милиони евра е извлечена на 10 август 2012 година на британско семејство.

Слично

Поврзани вести