Брегу: Регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ се заеднички нешта
Мајлинда Брегу, Генералната секретарка на Регионалиот совет за соработка (РСС), побара денеска ЕУ да не заборава дека секаква регионална соработка има крајна цел интеграција во ЕУ.
„Економската интеграција во која не се води сметка за економската, политичката, и општествената реалност е рецепт за неуспех.“, рече Брегу.
„Почетните чекори како што е подлабока интеграција меѓу нас самите не можат да успеат без истовремени натамошни чекори на интеграција на нашите пазари во европсиот пазар. Само на овој начин целите можат да бидат поголеми, а процесот да се смета поуспешен“, изјави Брегу на денешнито самит на ЕУ – Западен Балкан шт го организира четврти пат по ред стричната „тинк- тенк организација „Пријатели на Европа“.
„Регионалната соработка и регионалната интеграција се две страни на истиот медеал. Интеграцијата на пазарот е можеби повеќе дел од процесот на европската интеграција. Регионалната соработка, меѓутоа, не е само интеграција на пазарот. Тоа е политички процес. Затоа, Акцискиот план за заеднички регионалнен пазар што го потпишаа лидерите на сите шест економии од Западен Балкан минатиот месец во Софија е добар план“, рече Брегу на самитот кој продолжува и утре, соопшти РСС.
На самитот што се одвива он-лајн учествува и Претседателот на РСМ Стево Пендаровски.
